Флик бесен за неправдата против Атлетико: Кога Германец уништува Германец!

Дерби

09/04/2026

08:22

395

Големина на фонт

а а а

Барселона ќе брка голема негатива на реваншот против Атлетико Мадрид и ќе мора да постигне најмалку три голови на „Метрополитано“ за да се најде во полуфиналето во Лигата на шампиони, исход кој изгледа тешко остварлив, но не и невозможен за Ханси Флик.

Тренерот на Барселона остана задоволен од прикажаната слика со играч помалку на теренот, па создадените шанси против цврстиот тим на Атлетико му даваат верба дека може да испорачаат голеада во Мадрид.

Германскиот стручњак по поразот 0д 0:2 ги коментираше и најспорните ситуации на шпанското дерби во четвртфиналето, при што не заборави да му се „заблагодари“ на сонародникот Кристијан Дингер кој беше главен ВАР судија.

– Го загубивме мечот, но и со играч помалку на теренот создадовме голем број шанси. Нема да се предадеме, имавме големи шанси и ова не завршува тука. Исклучувањето на Кубарси влијаеше врз мечот, да бидам искрен, не знам дали беше за црвен картон. Не сум сигурен дека го допре доволно за да биде исклучување. Поочигледна е ситуацијата во која нивни играч играше со рака во шеснаесетникот, а немаше реакција од ВАР.

– Луѓе сме и сите може да згрешиме, тоа му се случи на судијата….. Но, зошто имаме ВАР? Тоа требаше да биде пенал и втор жолт картон за Пубиљ, што автоматски ќе значеше црвен картон, – изјави Ханси Флик, па на пресот се надополни.

– ВАР беше наклонет кон Атлетико, а судијата во ВАР беше Германец….. Кога Германец уништува Германец….. Ти благодарам Германија. Не знам како може да дозволат акција која ја почнал голманот да биде прекината со рака, а потоа да се прават дека не се случило ништо. Без оглед на се, остануваме позитивни и веруваме во себе и во своите шанси на вториот меч, – изјави тренерот на Барса.