[ВИДЕО] Јокиќ запиша нов трипл-дабл и остана изненаден од податокот кој му го открија новинарите

Дерби

09/04/2026

09:54

284

Големина на фонт

а а а

Денвер влезе во најдобра форма во најважен дел од сезоната и веќе извесно е дека го осигура третото место пред плејофот, а тоа значи дека ќе има предност од домашен терен во воведните рунди во разигрувањето.

Нагетси во првите две четвртини наидоа на проблеми против мотивираниот Мемфис и се доби впечаток дека гостите се дојдени за да играат за победа, но кога дојде моментот на вистината, фаворитот додаде гас и на крајот оствари рутинска победа.

Никола Јокиќ и во мирна и лесна вечер успеа да запише трипл-дабл и го заврши мечот со 14 поени, 16 скокови и 10 асистенции, но за него далеку поголемо изненадување беше она што го дозна по крајот на мечот кој заврши со резултат 136:119.

За првпат во ерата на Јокиќ во НБА лигата, Денвер запиша десетта победа во низа, податок кој го изненади и самиот Србин.

– Навистина не го знаев овој податок, но секако имаме добар крај на регуларниот дел од сезоната. Се надевам дека ќе продолжиме во тој тренд , со добра игра и со победи во најважниот дел од сезоната, – изјави Јокиќ.

НБА резултати:

Кливленд – Атланта 122:116

Детроит – Милвоки 137:111

Орландо – Минесота 132:120

Денвер – Мемфис 136:119

Сан Антонио – Портланд 112:101

ЛА Клиперс – Оклахома 110:128

Феникс – Далас 112:107