Кин подбра фудбалер на Реал: Направи детска грешка, не е нивото за вакви натпревари

Дерби

08/04/2026

11:16

361

Големина на фонт

а а а

Дербито во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен заврши со победа на гостите, а фановите на шпанскиот клуб изразуваат незадоволство поради големиот број грешки во близина на сопствениот шеснаесетник и начинот на екипата се бранеше при постигнувањето на првиот гол.

Рој Кин како стручен коментатор, по натпреварот испратил сериозни критики кон Трент Александер-Арнолд, кој требаше да покрива онаму каде што проби Луис Диаз и без проблеми го совлада Лунин.

– Веќе ми е преку глава од истите коментари по секој важен натпревар.

– Луѓето зборуваат само за тоа колку добро додавање било направено, но што е со основите, што е се играта во одбрана?

– На ова ниво, во Лигата на шампионите, не можеш да се исклучиш до толку. Детска грешка е да му дозволиш на Диаз да те надигра на таков начин како да не постоиш. Трент игра одбрана како никогаш да не бил десен бек, големите натпревари бараат врвни дефанзивци, а тој е далеку од тоа ниво, – рекол Кин.