Анри лут: Извинете, но тоа не беше црвен картон за Барселона

Дерби

09/04/2026

09:52

258

Големина на фонт

а а а

Пау Кубарси реагираше наивно во дуелот со Џулијано Симеоне и непотребно го собори синот на тренерот на Атлетико, а тој потег се покажа како клучен во одредување на победникот на „Камп Ноу“.

Веднаш по прекршокот и покажаниот црвен картон од судијата Иштван Ковач, Хулијан Алварез режираше ремек-дело од слободен удар, а во второто полувреме погоди и Серлот за 0:2.

Атлетико се стекна со убава позитива пред реваншот на домашен терен, а во анализата на првото четвртфинале на „Камп Ноу“, Тјери Анри нагласи дека според негови толкувања, Кубарси бил престрого исклучен од судиите.

Иако Ковач првично му покажа жолт картон, романскиот судија отиде на корекција по инструкција од луѓето во ВАР, па младиот стопер на Барселона брзо беше испратен на предвремено туширање.

– Не, не и не. За мене ова не е црвен картон. Извинете, но за мене ова не е црвен картон. Го сфаќам правилото, но треба подобро да се толкуваат некои ситуации. Сите се фаќаат за правилото последен човек, но треба да се гледаат околностите, брзината на топката и слично. Противникот ја немаше топката под контрола, аголот не беше перфектен и имаше уште простор до голот. Не сум сигурен дека тоа е чиста шанса за гол.

– Според мене, ова беше старт за жолт картон, а не за црвен. Кога исклучувате еден играч, треба да биде најстрога казна. Кога се дава црвен, се менува натпреварот и стартот треба да биде вреден за такво нешто. Во Лигата на шампиони скапо се плаќа секој потег, па мислам дека судијата мора да биде 100 проценти убеден во својата одлука. Првата одлука на судијата беше добра, мислам дека луѓето од ВАР избрзаа со корекцијата, – изјави Анри.