Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, се чини дека не знае што го снашло. Или како да посакува да добие отказ.
Само пред неколку дена, по тешкиот пораз од Манчестер Сити во ФА Купот со 0:4, тој рече дека е добро што не примиле повеќе голови.
Истата изјава ја даде и по синоќешниот пораз од Пари Сен Жермен (0:2), во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
„Ако го анализирате целиот натпревар, мислам дека имавме среќа што загубивме само со два гола разлика. На крајот на краиштата, мислам дека е добро што сè уште сме во игра, сите знаеме што може да претставува Енфилд за нас во реваншот“, рече меѓу другото холандскиот тренер.
Сепак, факт е дека Ливерпул долго време нема игра. Против Пари Сен Жермен, тој практично не упати удар во рамките на голот. Навивачите се разочарани. Минатата година, „Црвените“ доминираа во Премиер лигата, а оваа сезона потрошија 450 милиони евра за засилувања.
Во што е проблемот? Засилувањата (сè уште) не прават разлика (адаптација, повреди…), а сите стандардни играчи освен Доминик Собослај се далеку под формата од минатата сезона. Ова особено важи за Мохамед Салах.
Слот дури и не го користеше во Париз, оставајќи го на клупата во сите 90 минути. И повторно тоа не помогна. Одбраната е анемична и несигурна, предводена од капитенот Вирџил ван Дајк.
Сигурно е дека има вина кај играчите, но најголемиот виновник е тренерот Слот. Арне Слот нема решение како да го извлече тимот од кризата, а ваквите изјави откако потроши речиси половина милијарда евра за засилувања, сигурно не му се во прилог.








