Купил „Ford GT“ вреден милион долари – па веднаш го искршил: Погледнете го видеото од несреќата

Точка

08/04/2026

18:36

449

Големина на фонт

а а а

Неименуван сопственик во Кармајкл, Калифорнија, сред бел ден го уништил „Ford GT“ што неодамна го купил.

Несреќата се случила во текот на денот, а на снимките што се проширија на социјалните мрежи се гледа како автомобилот со голема брзина поминува на семафор.

Во еден момент возачот изгубил контрола врз возилото, удрил во бетонска ограда, се вивнал во воздух и слетал зад ѕид. На возачот и сопатничката веднаш им притрчале во помош лица од итната медицинска служба кои случајно се нашле на местото. Патниците се пренесени во болница и се надвор од животна опасност.

„Ford GT“, вреден околу еден милион долари, е целосно уништен и тешко е да се очекува дека повторно ќе се врати на патиштата. Станува збор за редок и исклучително ценет суперавтомобил на „Ford“, кој често на аукции достигнува седумцифрени суми.

Првично се мислело дека станува збор за ултра-редок модел „GT40“, кој се продава и за три милиони долари, но таа информација подоцна била коригирана.