Една земја од ЕУ се претвора во гробишта за автомобили со 3,4 милиони возила постари од 20 години

Точка

04/04/2026

12:55

541

Големина на фонт

а а а

Романија бележи загрижувачко, забрзано стареење на возниот парк. Според најновите податоци, во земјата во моментов сообраќаат околу 3,4 милиони автомобили постари од 20 години, што претставува нагло зголемување во споредба со претходната година.

Само за една година бројот на такви возила се зголемил за околу 400.000. Овој тренд покажува дека програмите за обновување на возниот парк (како „Rabla“) не дадоа очекувани резултати, пишува романскиот портал profit.ro.

Главната причина за оваа состојба е масовниот увоз на половни автомобили од Западна Европа. Многу од тие возила веќе биле стари во моментот на регистрација во Романија, а либерализацијата на пазарот по приклучувањето на ЕУ дополнително го олесни нивното пристигнување.


Исто така, возилата купени за време на економскиот бум пред кризата во 2008 година сега се веќе застарени, но сепак се користат на патиштата. Сепак, загрижувачки е тоа што Романците увезуваат и стари возила под Euro 3 нормата, што владата наскоро ќе го забрани.

Учеството на автомобили постари од 20 години достигнало околу 39 отсто од вкупниот возен парк. Вкупно се регистрирани околу 8,77 милиони возила, а повеќе од 50 отсто се дизели, што дополнително создава загриженост поради загадувањето и влијанието врз животната средина.

Интересно, иако Романците имаат домашна марка и локално производство – „Dacia“, најзастапен бренд сепак е „Volkswagen“.

Најпопуларниот автомобил во Романија е сепак „Dacia Logan“, кој предводи по бројот на регистрации со 510.000 единици во текот на 22 години производство. По него следи „Volkswagen Golf“ со 463.000 регистрирани единици. Кај германскиот компактен автомобил, повеќе од половината се постари од 20 години, а речиси ист број имаат дизел мотори.