Тара Рид стекна слава кон крајот на 90-тите со улогата на Вики во култната франшиза „Американска пита“, а публиката ја памети и од филмови како „Големиот Лебовски“ и „Шаркнадо“.
Се испроба и во ријалити-шоу, во британскиот „Големиот брат на славните“ во 2011 година, како и во емисијата „Special Forces: World’s Toughest Test“ во 2023 година.

Со години отворено зборувала за неуспешните козметички процедури и за своите борби со медиумските шпекулации за нарушувања во исхраната, кои жестоко ги негирала. Денес нејзиниот изглед го привлекува вниманието на јавноста, а синоќа се појавила на црвениот килим на Канскиот фестивал.

За премиерата на филмот „The Birthday Party“ актерката избрала елегантен фустан на едно рамо од брендот „Dorota Goldpoint“, кој ја следи линијата на телото и е украсен со предимензиониран цвет.

Изданието го надополнила со висока пунџа, смарагден ѓердан, но и со впечатлива шминка која ги нагласила нејзините „изморени“ црти на лицето.

Долгогодишната борба со наркотиците и алкохолот оставила трага врз нејзината некогашна убавина, но присутните во Кан ја поздравила со громогласен аплауз во знак на поддршка.





