Идрис Елба ги прекина долгогодишните шпекулации: Никогаш не сум бил кандидат за улогата на Џејмс Бонд

Точка

26/05/2026

07:30

266

Големина на фонт

а а а

Британскиот актер Идрис Елба изјави на премиерата на филмот „Masters of the Universe“ во Лос Анџелес дека никогаш не бил во сериозна трка за новиот Џејмс Бонд, и покрај долгогодишните шпекулации.

Елба за „People“ изјави дека неговото име не е меѓу опциите за серијалот за агентот 007. Како што наведе, продуцентите бараат помлад актер.


„Моето име воопшто не се споменува, нема шанси. Тие одат со помлад актер. Им посакувам сѐ најдобро на светот. Со нетрпение очекувам, ќе биде неверојатно“, рече тој.

Додаде и дека никогаш не се сметал за вистински кандидат за таа улога.

„Искрено, никогаш не бев во трка. Воопшто не бев кандидат за улогата на Џејмс Бонд“, додаде тој.

Темата за него станала особено непријатна откако расправата почнала да се води низ прашањето за расата. Тогаш рече дека негативните реакции целата приказна ја направиле одвратна и одбивна, бидејќи се претворила во расправа за расата, а не за глумата.


Џејмс Бонд последен пат го играше Даниел Крег во филмот „No Time To Die“ од 2021 година, а меѓу претходните толкувачи на ликот беа Шон Конери, Дејвид Нивен, Џорџ Лезенби, Роџер Мур, Тимоти Далтон и Пирс Броснан.

Името на Елба се поврзуваше со Бонд уште од 2014 година, кога во протечен е-маил директорката на „Sony Pictures“ Ејми Паскал навела дека Идрис треба да биде следниот Бонд.