[ФОТО] „Artemis II“ губи комуникација со Земјата: Астронаутите одат најдалеку досега

Точка

05/04/2026

11:14

1.837

Големина на фонт

а а а

Четворица астронаути од мисијата „Artemis II“ летаат со леталото „Orion“ околу Месечината, тестирајќи како функционираат системите на „NASA“ во услови на длабоката вселена, а фотографиите што ги споделуваат на социјалните мрежи секојдневно го воодушевуваат светот.

„NASA“ секојдневно споделува информации и најнови снимки од мисијата „Artemis II“. Преносот во живо трае во текот на целата мисија на „NASA“-иниот „YouTube“ канал, а агенцијата исто така обезбедува посебен пренос од погледот на леталото „Orion“, како и од внатрешноста на капсулата, во зависност од достапниот проток на податоци.

Најновата фотографија што ја објавија на „Instagram“ профилот покажува дека значително се приближиле до Месечината.

„Историјата се пишува. На оваа нова фотографија од екипажот на мисијата „Artemis II“ можете да го видите ’Orientale basin‘ (лунарен басен) на десниот раб од дискот на Месечината. Ова е првпат целиот овој басен да биде виден со човечки очи“, напишаа во описот на фотографијата.

Колку трае мисијата „Artemis II“?

Астронаутите Рид Вајсман, Виктор Гловер и Кристина Кох, како и астронаутот на Канадската вселенска агенција (CSA) Џереми Хансен, полетаа во 18:35 по источноамериканско време (EDT) на 1 април од лансирната рампа 39B во вселенскиот центар „Кенеди“ на „NASA“.

Мисијата трае околу 10 дена и вклучува лансирање, обиколување на Месечината и безбедно слетување во океанот крај брегот на Сан Диего. Планираното спуштање е на 10 април околу 20:07 часот (EDT). Потоа, екипажот ќе биде преземен од хеликоптери и пренесен на бродот „USS Џон П. Мурт“, каде ќе помине медицински прегледи пред враќањето во Хјустон.