„Ја сака како сестра, за неа ова е исклучително шокантно…“ Пријателката на Никол Кидман погодена од врската на нејзиниот поранешен сопруг со актерката

Точка

01/04/2026

17:40

537

Големина на фонт

а а а

Веќе извесно време се шпекулира дека Никол Кидман пронашла нова љубов по разводот од Кит Урбан, а наводно е во врска со актерот Сајмон Бејкер, со кого соработувала на снимањето на серијата „Скарпета“ (Scarpetta).

Тие биле фотографирани како се држат за раце на њујоршката премиера на серијата, а актерката признала дека долго време сакала да работи со Бејкер, кој веќе ѝ бил партнер во серијата „Roar“ во 2022 година.

Инаку, Бејкер од 1998 до 2020 година била во брак со актерката Ребека Риг, која е една од најблиските пријателки на Никол Кидман. Како што велат упатени извори, Ребека е изненадена од овие вести.

„Таа ја сака Никол како сестра, заедно поминале многу нешта низ годините, па за неа ова е исклучително шокантно и не може да сфати“ рекол анонимен извор за магазинот „New Idea“.

Тој додал дека Ребека била погодена од тоа што ниту пријателката ниту поранешниот сопруг, со кого има три деца, не ѝ се обратиле на оваа тема, туку за сè дознала од медиумите.

„Ребека не знае ништо за моменталниот статус на односот меѓу Никол и Сајмон. Многу нивни пријатели претпоставуваат дека држењето за раце било само маркетиншки потег поради серијата“ истакнал инсајдерот. Но начинот на кој избегнуваат прашања за тоа и поминуваат толку многу време заедно ги оправдува гласините.


„Тие се разделија пред многу години, но и понатаму заедно се грижат за своите деца и се гордеат со тоа каков однос имаат. Тоа што Никол се однесува вака навистина ги крши правилата на женското пријателство“ додал изворот.


Ребека Риг, како и Никол Кидман е од Австралија, а двете се познаваат со децении. И самата оскаровка, за време на еден разговор со новинарите за Сајмон, ја споменала неговата поранешна сопруга.


„Се познаваме добар дел од животот, па отсекогаш сакав да направам нешто навистина значајно со Сајмон“ неодамна изјавила актерката. „Така што постојано му велев: „Ќе сакаш ли, те молам, те молам, да го работиш ова со мене?“, а тој беше во период од животот кога можеше, кога можеше да биде далеку од дома и да работи што му се допаѓаат. И ми рече „да“, додала Кидман.

Поранешната сопруга на Сајмон Бејкер е актерка

Ребека е остварена актерка и кариерата ја започнала уште како дете, а меѓу позначајните наслови во нејзината кариера се помала улога во филмот „Џери Мегваер“, како и улоги во филмовите „Спотсвуд“ и „Ели Паркер“, а имала и улога во серијата „Менталист“.




Во неа соработувала со Бејкер, за кого се омажила во 1998 година, по пет години врска, а заедно добиле три деца, меѓу кои е и денес познатата актерка Стела Бејкер. Живееле заедно во Лос Анџелес до 2015 година, кога се преселиле во Австралија, а потоа се разделиле во април 2020 година.