[ФОТО] Синот на Бубо Каров за животните „достигнувања“ по повод 40-от роденден: „Укочен врат секое утро, 2-3 дена во неделата сум депресивен, пред да врне не знам кај сум нит кој сум...“

Точка

27/03/2026

10:02

2.874

Големина на фонт

а а а

Илија Каров, режисер и сценарист и син на легендарниот Љупчо Бубо Каров, на духовит начин го „најави“ својот 40-ти роденден – со ироничен осврт на сопственото здравје и животните „достигнувања“.

Само неколку дена пред јубилејот, тој сподели објава на социјалните мрежи која брзо привлече внимание, токму затоа што многумина се препознаа во неа. Наместо класично сумирање на успесите, Каров направи поинаков, саркастичен „биланс“ на животот.


„Денеска се разбудив во 3, и во очи на мојот 40-ти роденден размислувам за животот. Не е дека се фалам, ама за четириесетгодишен човек стварно постигнав работи што некои луѓе едвај ги стекнаа дури во нивната шеста деценија“, започнува тој, по што следи неочекуван пресврт.

Наместо достигнувања, тој набројува состојби со кои се соочува секојдневно – укочен врат речиси секое утро, болка во левото рамо, астма, социјална анксиозност и повремени депресивни денови во текот на неделата. Дополнително, признава дека не сака да патува, а промените на времето целосно го дезориентираат.


Иако објавата е исполнета со хумор, таа на суптилен начин ја допира реалноста на годините што доаѓаат. Токму затоа, реакциите беа бројни – многумина во коментарите споделија дека се пронашле во неговите зборови, особено кога станува збор за физичките и психолошките промени што често се јавуваат околу четвртата деценија од животот.

Во свој препознатлив стил, Каров уште еднаш покажа дека и најобичните животни предизвици можат да се претворат во добра шега – доволно искрена за да биде и вистинита.