Пензионираната пливачка и освојувачка на три олимписки златни медали, Емили Сибом, им се пожалила на своите следбеници на ТикТок за проблемите со мајчинството. Од своите следбенички кои се мајки побарала помош, откако признала дека е на раб на „нервен слом“.
Пливачката и претходно отворено зборувала за предизвиците и радостите на мајчинството, а сега сподели и некои проблеми со кои се соочува поради лошиот сон на својот син. „Ако сте мајка, ми треба вашата помош“, рекла Сибом во видеото. Австралијката признала дека „се бори“ со тоа што нејзиниот мал син Сeмпсон не спие цела ноќ.
„Никогаш не сум имала проблеми со спиењето на Семпсон. Отсекогаш спиеше добро. Но неодамна реши повеќе да не спие добро“, рекла таа во видеото. Многумина се пронајдоа во тоа, а нејзиниот син, кого го одгледува заедно со поранешниот партнер и ријалити ѕвезда Рајан Галагер, како што рекла, спие само ако таа лежи покрај него.
„Навистина многу се мачам и буквално ќе доживеам нервни сломови. Ми треба малку време за себе, а тој треба да спие“, додала таа. Појаснила дека одбива да спие преку ден, а понекогаш не заспива ни пред 21 часот.

Нејзините следбеници кои се родители во коментарите ѝ упатија бројни совети и ѝ ги објаснија можните причини за тоа. „Не сакам да навлегувам во твоите лични работи, но можеби е поврзано со различни очекувања кај мама и тато? Можеби едноставно му недостигаш и не сака да спие без тебе? Исто така, колку години има сега? Повеќето деца почнуваат да се откажуваат од дневните попладневни дремки околу 2,5 до 3 години…“, напишала една мајка.
„Зарем немаш добар однос со неговиот татко за да прашаш што се случува кога е кај него? Десетпати е потешко кога не сте на иста страна“, напишал друг корисник во коментарите, на што денешната телевизиска коментаторка одговорила: „За жал, сè уште не можеме да го направиме тоа.“


Сибом и Галагер ја споделија веста за раѓањето на Сампсон во септември 2023 година, само неколку месеци откако ја објавија и веста за свршувачката. Дека повеќе не се заедно, потврдија во ноември минатата година, а сега заедно го одгледуваат синот.











