[ФОТО] „Ништо повеќе не е исто“: Сопругата на Кили објави фотографија од него и емотивни зборови, две недели по неговата смрт

Точка

25/03/2026

10:43

1.446

Големина на фонт

а а а

По трагичниот настан на 11-ти март во Еквадор, кога во сон од инфаркт почина легендарниот актер Кирил Поп Христов – Кили, на 58-годишна возраст, неговото семејство сè уште се справува со огромната загуба.

Неговата сопруга, кореографката Гордана Деан Поп Христова, тогаш сподели дека со него ја врзуваат само убави спомени и дека заминал мирно, во сон.


Кили од 2014 година живееше во Еквадор заедно со сопругата и нивната ќерка Јоана. Гордана признава дека тешко ја прифаќа разделбата и дека длабоко ѝ недостига неговото присуство.

Преку објава на својот профил на Фејсбук, таа сподели искрени и емотивни зборови, придружени со фотографија од Кили:


„Ништо повеќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е празна, мрачно... само дрвото е останато исто, живо, големо, зелено“, напиша Гордана.