Ретко интервју со мајката на Доналд Трамп, снимено уште во 1994 година, шест години пред да почине, неодамна се појави повторно на социјалните мрежи и луѓето не можат да поверуваат колку американскиот претседател личи на својата мајка.
Старата снимка на Мери Ен Меклауд Трамп, која почина во 2000 година на 88-годишна возраст, како зборува во ирската ТВ емисија „It‘s Bibi“, стана вирална.
Interview with Mary Anne MacLeod Trump, Donald Trump's mother, 1994. pic.twitter.com/JuRhP8QcyC
— Time Capsule Tales (@timecaptales) March 13, 2026
Во емисијата, Мери Ен зборува за детството во мало село на островот Луис во Шкотска и пристигнувањето во Њујорк во 1930 година, каде го запознала својот сопруг Фред Трамп, за кого се омажила во 1936 година. Бројни корисници на платформата X беа шокирани од неверојатната сличност на Доналд Трамп со неговата мајка, а таа изгледала и звучела како својот син.
Под видеото се ределе коментари: „Доналд Трамп зборува точно како неговата шкотска мајка, дури и со гестови“, „Не сакам да лажам, ова интервју со мајката на Трамп е апсолутно неверојатно“, „Ги има нејзините манири“, пишуваа некои, додека другите се шегуваа: „Изгледа како Доналд Трамп да ставил перика и малку викторијанска шминка“, „Мислев дека е Трамп, облечен како жена“.
Елегантната Мери Ен во интервјуто носи бела кошула со панделка, преку која има облечено црвено-црн кариран сако. Таа објаснила дека е родена во мал град наречен Сторновеј на островот Луис: „Прекрасен мал остров. Таму пораснав, дојдов во Њујорк, го запознав својот сопруг, се вратив во Шкотска и повторно дојдов во Њујорк за да се омажам“.
Интервјуто се појави во посебно издание на ирската емисија за Денот на Свети Патрик и е снимено во тогашниот Таџ Махал на Трамп во Атлантик Сити. Новинарката открила дека Трамп, кој во тоа време беше могул во бизнисот со недвижности, не можел да биде со нив затоа што бил во Холивуд.

„Добил повик од Стивен Спилберг и го прашал дали може да дојде и да има камео улога во некој филм што Спилберг го снима. Се разбира, Доналд не сакаше да каже не“, додаде Мери Ен, но не е јасно на кој филм се мисли, бидејќи Трамп никогаш не се појавил во филм на Спилберг.
Фред и Мери Ен имаа пет деца, иако нивното второ дете, Фред помладиот, почина на 42 години, по живот одбележан со алкохолизам. Мајката на Трамп почина на 88 години во 2000 година, нешто повеќе од една година по смртта на нејзиниот сопруг Фред, кој имаше 93 години.








