Овој потег на манекенка никој не го очекуваше, поради нејзиниот танц победничката падна во заборав: „Ѝ рекле да се однесува природно“

Точка

30/03/2026

21:26

619

Големина на фонт

а а а

Снимка од манекенката Дараторн Јутонг, која се натпреваруваше на „Miss Grand Thailand“, привлече големо внимание кај корисниците на социјалните мрежи поради нејзиниот начин на танцување.

Додека другите натпреварувачки се движеле поумерено, Дараторн Јутонг заиграла енергично и со својата самодоверба ја освои публиката. Иако не победи, токму таа стана главна тема на разговор.

„Имаше само три секунди да го привлече нашето внимание и тоа и го направи“, „Некој од нејзиниот тим ѝ рекол да се однесува природно. Не се чудам што го направила ова“, „Мојот глас оди за неа“, „Жена со карактер“, беа дел од коментарите на социјалните мрежи.


Таа се пласираше меѓу 20-те најдобри, а нејзиниот настап речиси веднаш стана еден од највпечатливите моменти на овогодишното натпреварување.

Се натпреваруваше како „Miss Grand Kalasin“, претставувајќи една од 77-те провинции на националниот избор за мис. Победничката Патама Џицават ќе го претставува Тајланд на натпреварот „Miss Grand International“ во Индија.

Да потсетиме, уште еден момент од „Miss Grand Thailand“ го привлече вниманието на јавноста. Имено, на манекенката Камолван Чанаго ѝ испаднаа навлаките за заби, но таа одлично се снајде во оваа непријатна ситуација. Накратко се сврте за да ги отстрани, а потоа повторно се соочи со публиката и продолжи да чекори како ништо да не се случило.