Лапорта: Донесов вистинска одлука за Меси, успеавме…

Дерби

30/03/2026

10:49

316

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси немаше крај каков што заслужуваше во Барселона, а причината за тоа е финансиската состојба на клубот по ковид кризата.

Во еден момент изгледаше дека Лео е на добар пат да потпише нов договор со Барселона, меѓутоа со оглед на тоа што постоечниот истече и новиот ќе донесе „тежина“ која клубот тешко ќе ја изнесеше во тој момент, Жоан Лапорта донесе одлука која беше болна како за играчот така за клубот и фановите.

Меси продолжи и преку Пари Сен Жермен дојде до Интер Мајами каде и денеска настапува, додека шпанскиот великан исто така се движи во позитивен правец, се стабилизира иако се уште кога се во прашање финансиите има одредени проблеми и тоа се гледа по правилото 1:1 кое тимот од Ла Лига се уште го нема за да може нормално да купува и регистрира играчи.

Лапорта верува дека донел исправна одлука во 2021 година и тоа го покажуваат резултатите.

-Морав да донесам одлука и ја донесов вистинската одлука. Резултатите зборуваат сами за себе. Успеавме да закрепнеме финансиски, да изградиме конкурентен тим и беше време за генерациски смени. Лео се ближеше кон крајот на својата кариера и мораше да се впуштиме во процесот на градење нов тим. Дали би сакал да сакал да изградевме нов тим со помош на Лео? Да. Се обидовме, но не беше можно,- рече Лапорта, додавајќи за потенцијалната идна врска со Меси:

-Идната врска ќе биде изградена врз основа на она што Лео го сака и она што Барселона го сака. Во одреден момент, интересите би можеле да се совпаднат, -порача првиот човек на каталонците.