Тоти за престојното финале за Италија: Победа или смрт

Дерби

30/03/2026

10:46

226

Големина на фонт

а а а

Италија веќе долго време е без пласман на најголемиот фудбалски настан, Светските првенства каде низ историјата имаат забележано четири триумфи.

Меѓутоа „аѕурите“ ги „промашија“ шампионатите во Катар и Русија и постои опасност тоа да се повтори и со турнирот во САД, Мексико и Канада.

За да се избегне тоа сценарио избрнаиците на Гатузо ќе мора да ја добијат Босна и Херцеговина во Зеница во финалето на баражот кое е закажано за вторник од 20:45 часот.

Огромен е притисокот врз италијанската репрезентација, а колку овој натпревар е важен за нив посочува изјавата на легендарниот Франческо Тоти.

-Во вторник одиме во Босна и Херцеговина, каде што нè очекува тежок и незгоден натпревар. За нас e победа или смрт. Не се сомневам дека ќе одиграме одличен натпревар, но и дека Гатузо ќе знае како да управува со емоциите и ситуацијата, -рече Тоти.