Дали се наѕира крајот на легендарната кариера? Поранешниот шампион го доживеа четвртиот пораз по ред

Точка

29/03/2026

16:00

1.237

Големина на фонт

а а а

Некогаш заштитно лице на УФЦ и еден од најдоминантните борци во средна категорија, Израел Адесања ги преживува најтешките моменти од својата кариера.

Како и секој врвен борец, се соочи со период во кој повеќе не беше оној вистинскиот, а саботната вечер во Сиетл донесе уште еден шок.


Џо Пајфер го испрати некогашниот шампион назад „на почеток“ во главната борба на „УФЦ Фајт Најт“, завршувајќи ја борбата со технички нокаут на 4:18 во втората рунда.


Пред тој финиш, двајцата борци ги разменуваа најдобрите удари во борба на нозе, додека успешниот „тејкдаун“ на Пајфер не го означи крајот само на рундата, туку и на вечерта за Адесања.

Ова за „Изи“ е четврти последователен пораз, што дополнително потврдува дека е далеку од своето врвно ниво. Иако борбата почна ветувачки, Пајфер брзо го надвладеа и стигна до победата.


Адесања е име што не треба посебно да се претставува. Многумина го сметаат за вториот најголем борец во историјата на средната категорија на УФЦ, веднаш зад легендарниот Андерсон Силва.


Пред саботниот пораз, Адесања веќе беше во лоша серија од три порази и тоа од врвни борци – Шон Стрикленд, Дрикус Ду Плесис и Насурдин Имавов. Иако бројките не му одат во прилог, Адесања не планира да се откаже. „Не си одам. Никогаш нема да ме запрете. Можеби ќе ме победат, но јас секогаш ќе останам непобеден“, изјави борецот познат по својата непоколеблива самодоверба.


Саботната вечер можеби е уште еден чекор во предизвикувачкиот период од кариерата на Адесања, но прашањето останува: дали легендарниот борец ќе успее повторно да го пронајде својот врв, или четвртиот пораз е знак дека се ближи крајот на една ера?