Алешандро Пато своевремено важеше за еден од најголемите фудбалски таленти, фудбалер кој уште како тинејџер се пресели во Милан каде ги прикажа најдобрите свои изданија по што постепено почна да паѓа иако играше и за клубови како Челси и Вилјареал.
Бразилецот со Милан освои Скудето и трофеј во Супер Купот на Италија и до ден денеска клубот му е при срце и сака да го гледа како е успешен.
Денеска „росонерите“ ги имаат Златан Ибрахимовиќ и тренерот Масимилијано Алегри, луѓе за кои Пато има високо мислење.
-Имам многу почит кон Ибрахимовиќ; тој е одличен човек. Алегри е брилијантен, цврст карактер и победник, -истакна некогашниор напаѓач кој говореше и за Паоло Малдини.
-За мене, тој е човек кој ме научи многу за одговорноста во играта. Го гледав како продолжува со тренингот откако ќе завршеше тренингот. Тој беше тип на личност на која ќе погледнеш и ќе речеш: „Тоа е некој на кого треба да се угледаш“. Пред две или три недели, јас и сопругата бевме во Милано и го видовме на билборд, а јас реков: „Сега е модел“ (се смее). Тој е брилијантен; имам толку големо почит за него, -вели бразилскиот ас кој се надева дека неговиот син ќе игра за великанот од Милано.
-Мојот син? Да се надеваме дека Милан ќе го потпише. Ќе соработувам добро со него; нема да му биде лесно на Милан, -порача Алешандре.








