Саха знае што му е потребно на Јунајтед и побара три засилување во летниот преоден рок

Дерби

30/03/2026

10:47

254

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед има уште една турбулетна сезона во која дефинитивно останува без титула, доживеа рана елиминација во ФА и Лига Купот, а единствена светла точка е Премиер лигата каде се наоѓа на третата позиција што значи е на добар пат да се врати во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2026/2027.

Со тоа „црвените ѓаволи“ би ја оствариле барем основната цел, топ 4, топ 5 пласман што пак ќе донесе сериозни предизвици во наредната кампања, европски фудбал. Ова ќе значи дека Јунајтед ќе мора дополнително да се засили ако сака да напредува, па некогашниот напаѓач на премиерлигашот Луис Саха верува дека се потребни најмалку три засилување во летниот преоден рок.

-Играч од средината на теренот е неопходен за Манчестер Јунајтед на трансфер пазарот, особено ако не го задржиме Касемиро, но сепак ни треба подобар атлетизам во средниот ред. Ни треба некој за кого ќе чувствувате дека ќе биде доминантен, речиси низ целиот терен, ни треба сличен стил како на Деклан Рајс, профил кој може да понуди толку многу, а исто така и физички да доминира.

-Исто така, би сакал да видам нов напаѓач во клубот, Шешко е врвен играч со голем потенцијал, но ни треба друг тип напаѓач. Тоа се двете позиции на кои би се фокусирал. Имаме играчи во напаѓачките линии и на крилата, а во одбраната имаме многу опции, но Мики ван де Вен би бил возбудливо засилување доколку е достапен, тој е играч од калибарот што може да му помогне на Јунајтед да стигне до следното ниво, -порача Французинот.