[ВИДЕО] Оваа жена е незапирлива: Ѝ се закануваше ампутација на ногата, а погледнете што прави сега, неколку недели по бројните операции

Точка

18/03/2026

19:31

648

Големина на фонт

а а а

Една од најдобрите скијачки на сите времиња Линдзи Вон се соочува со еден од најтешките периоди во животот по тешката повреда со која се здоби на Зимските олимписки игри во Кортина д’Ампецо.

Американката (41) поминала низ дури пет сложени операции во Италија по падот, а моментално се наоѓа во Соединетите Американски Држави каде што минува низ долготраен и исцрпувачки процес на рехабилитација.

Во меѓувреме, само неколку недели по бројните операции, таа се посветила и на тренинзи, што го објави на социјалните мрежи.


Вон, по враќањето на скијањето по шест години пауза и операција за вградување делумна протеза на коленото, се здоби со сложена скршеница на тибијата со оштетување на тибијалното плато. Ситуацијата дополнително се искомплицирала со развој на компартмент синдром, опасна состојба во која зголемениот притисок во мускулите може да доведе до трајно оштетување на ткивото.

Како што самата признала, болката што ја чувствувала била незамислива, а ампутацијата на ногата била реална опција. Во клучните моменти ѝ помогнал лекарскиот тим предводен од доктор кој успеал да го спречи најлошиот исход.


По операциите, пред неа е долго закрепнување, месеци поминати во инвалидска количка и на патерици, додека целосното заздравување на коските се проценува на околу една година.

Сепак, славната скијачка не се откажува. Веќе започнала со рехабилитација, вклучувајќи вежби за сила, подвижност и возење велосипед со цел да се спречи атрофија на мускулите и да се зајакне коленото. Постепено работи на враќање кон самостојно одење.


Во тешките моменти особена поддршка ѝ дава нејзиното куче Ченс, кое, како што истакнала, ѝ претставува голем извор на сила и мотивација.

Иако веќе ги направила првите чекори кон закрепнувањето, Вон истакнува дека патот пред неа е долг и неизвесен, и дека за евентуално враќање на професионалното скијање засега не сака да зборува.