Роналдињо единствен го брани Нејмар: „И на една нога е подобар од повеќето Бразилци“

Точка

17/03/2026

22:01

293

Големина на фонт

а а а

Прославениот фудбалер Роналдињо застана во одбрана на Нејмар и ја осуди одлуката на Карло Анчелоти Бразилецот да не се најде на списокот на репрезентацијата.

Одлуката на селекторот на Бразил Карло Анчелоти Нејмар да не биде на списокот за пријателските натпревари против Франција и Хрватска привлече големо внимание. По тој повод се огласи и легендарниот Роналдињо, кој истакна дека оваа репрезентација во моментов нема подобар играч, без разлика што се зборува за Нејмар.

Анчелоти донесе одлука Нејмар да не биде повикан во репрезентацијата, но поранешниот тренер на Реал Мадрид беше јасен – вратите за еден од најдобрите бразилски фудбалери не се затворени.

„Ако Нејмар биде подготвен, можеби ќе оди на Светското првенство, а можеби и нема. Ако не е сто проценти подготвен, нема да биде тука. Ако успее да достигне сто проценти подготвеност, можеби ќе биде повикан. Во моментов не е подготвен. Како што реков, конечниот список допрва доаѓа. Нејмар мора да продолжи да работи, да игра, да го покажува својот квалитет и пред сè да остане во добра форма“, објасни Анчелоти за причината поради која изостана едно од најголемите имиња во светот на фудбалот.


Сепак, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, легендарниот Роналдињо, има сосема спротивен став кога станува збор за Нејмар.

„Нејмар и на една нога е подобар од повеќето Бразилци во овој момент. Едноставно повеќе не уживам да го гледам Бразил како некогаш. Тој мора да биде дел од репрезентацијата на Светското првенство“, изјави поранешниот фудбалер.

Јасно е дека во тимот нема место врз основа на стара слава. Во новата сезона Нејмар одигра само четири натпревари за Сантос, но има одличен ефект – два гола и две асистенции. Сепак, изгледа дека оваа статистика не го задоволува искусниот Анчелоти, па предност им даде на некои други имиња.

Бразил на 26 март ќе игра против Франција, а неколку дена подоцна, поточно на 31 март, ќе се соочи со Хрватска.


Вака изгледа списокот на Анчелоти за следните две натпревари

Голмани: Алисон, Бенто, Едерсон

Дефанзивци: Весли, Алекс Сандро, Данило, Даглас Сантос, Маркињос, Габриел Магалјаеш, Лео Переира, Бремер, Ибањез

Среден ред: Каземиро, Фабињо, Андреј Сантос, Данило, Габриел Сара

Напаѓачи: Винисиус Жуниор, Рафиња, Габриел Мартинели, Матеуш Куња, Луис Енрике, Ендрик, Игор Тијаго, Рајан, Жоао Педро