Гвардиола за најголемиот предизвик во кариерата: Реал Мадрид? Не, тоа беше…

Дерби

18/03/2026

16:20

268

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед го заврши настапот во Лигата на шампионите и тоа во осминафиналната рунда каде подобар од нив беше најтрофејниот клуб во ова натпреварување Реал Мадрид.

Премиерлигашот потфрли на првата средба во Мадрид каде загуби со 3-0 и се најде во многу тешка позиција во реваншот каде уште во 20 минута остана без Бернардо Силва поради игра со рака, ситуација при која Реал доби удар од 11 метри кој го искористи и отиде на вкупни плу четири по што стана јасно дека се е завршено во оваа битка.

Пеп Гвардиола имаше многу соочувања со „кралевите“ во ЛШ и запрашан за тоа дали победувањето на Реал бил најголем предизвик во кариерата, тој ова веднаш го офрли.

- Не, Јирген Клоп во Ливерпул беше мојот најголем предизвик. Речиси не сфаќате какво беше да се соочите со Ливерпул. Тие натпревари беа одлично искуство за тимот, бидејќи играњето против тим како нас, кој не беше во натпреварувањето пред 12 или 13 години, а генерацијата што ја имавме, понекогаш победуваше во тие натпревари, Реал Мадрид нè победуваше, ние победивме во некои, имавме и одлични времиња, но мислам дека тимовите против кои игравме исто така знаат дека играле против нас, - порача Шпанецот.