Гвардиола се закачи со еден играч на Реал по последниот судиски свиреж, Арбелоа се испречи во улога на миротворец

Дерби

18/03/2026

08:06

748

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола постапи џентлменски веднаш по последниот судиски свиреж и честитките до противникот ги започна од Алваро Арбелоа, а тоа го продолжи со поздрави за уште неколку негови фудбалери откако се упати кон теренот.

Менаџерот на Манчестер Сити нормално ги поздравуваше играчите на Реал, се додека не дојде до Ридигер, кој очигледно не беше баш најимпресиониран од некои претходни ставови на Шпанецот.

Ридигер и Гвардиола си подадоа рака, но истовремено си разменија некои зборови кои сигурно не биле најпријателски, за што говорат и реакциите на останатите фудбалери кои ги разделија, но и онаа на Алваро Арбелоа.

Тренерот на Реал го тргна својот играч од Гвардиола и постапи во улога на миротворец, но контактот со очи меѓу Пеп и Ридигер продолжи и после тоа.

За крај, Пеп му испрати ироничен бакнеж на стоперот на Реал, а целата оваа ситуација беше уловена од камерата на „Мовистар плус“