[ВИДЕО] Во луксузното летувалиште се појавиле рибите на судниот ден – се верува дека нивната појава најавува природни катастрофи кои му се закануваат на човекот

Точка

10/03/2026

13:30

1.058

Големина на фонт

а а а

Во јапонскиот фолклор постои мит дека овие риби претскажуваат несреќи, особено земјотреси. Рибите се исклучително ретки затоа што живеат на длабочини меѓу 200 и 1.000 метри и ретко доаѓаат на крајбрежјето.

Со оглед на тоа што се случува во светот, фактот дека луѓето во Мексико ги виделе „рибите на судниот ден“ не е ни чудно. Станува збор за риби за кои се верува дека претставуваат лош знак кога ќе испливаат од длабочина на површина.

Се верува дека нивната појава најавува природни катастрофи кои следат, од каде потекнува и нивното име. Морето во луксузното мексиканско летувалиште Кабо Сан Лукас исфрлило неколку риби од овој вид на крајбрежјето, а на нив случајно наишле туристите.

Сестрите здогледале чудо

Имено, две сестри во далечина забележале нешто што блескало. Прво помислиле дека нешто им се причинува, но набрзо потоа ги здогледале рибите во плиткото. Луѓето кои се нашле во близина се собрале и им помогнале на рибите да се вратат во длабочините.

Меѓутоа, тогаш работите станале уште поневеројатни. Штом успеале да ја вратат првата руба и таа заминала, забележале уште една во близина на крајбрежјето.

Подоцна дознале дека на крајбрежјето во последните неколку стотина години забелeжани биле само неколку од овие риби.

Живеат на големи длабочини

Ова необично суштество живее на големи длабочини, вообичаено меѓу 200 и 1.000 метри поради што не се гледа често. Кога ќе дојде до тоа, главно веќе се мртви, после што морето ги исфрлува на крајбрежјето после силните невремиња.

Просечно се долги околу три метри додека пак најдолгиот примерок којшто луѓето некогаш го виделе бил долг дури десет метри.

Што се однесува до верувањето дека гледањето на ваквите риби претставува најава на катастрофа, историчарите тоа го откриле во митот којшто потекнува од древниот јапонски фолклор.

Оваа идеја добила дополнителна популарност и предизвикала морничавост меѓу луѓето после што околу 20 од овие морски суштества биле пронајдени на плажите ширум Јапонија непосредно по разорниот земјотрес во 2011 година.