Во шпанскиот град Виго, учениците на училиштето „Colegio Montecastelo“ веќе неколку години го завршуваат училишниот циклус со нови вештини: знаат правилно да ја испеглаат кошулата, да зашијат копче и да подготват едноставно јадење.
Ова училиште, всушност, пред неколку години воведе нов предмет поради кој се најде на насловните страници на светските медиуми. Учениците од четврто одделение на часовите усвојуваат различни домашни вештини, а целта е да се разбијат предрасудите дека домашните работи се резервирани само за жени.

Сеопфатен пристап кон практичните знаења – учениците се воодушевени
Учениците од четвртото одделение на средното училиште „Montecastelo“ веќе неколку години на часовите усвојуваат разноврсни домашни вештини. Некои од нив се пеглање кошула, зашивање копче, основно одржување на електрични уреди, инсталирање машина за перење или сушење алишта и подготовка на оброци. Програмата е неделна активност која доброволно ја предаваат наставниците и родителите, а со оглед на нејзината обврзувачка природа, нуди сеопфатен пристап кон практичните знаења.

„Сметавме исклучително корисно е да ги научиме нашите ученици како да ги извршуваат овие задачи, за да можат, кога еднаш ќе основаат семејство, активно да учествуваат од самиот почеток. Сакавме да им пренесеме свест дека одржувањето на домаќинството е заеднички потфат и да ги разбиеме предрасудите за традиционалната поделба на работите на „машки“ и „женски“ улоги“, изјавил за светските медиуми Габриел Браво, координатор на овие за пофалба активности.
Промовирање на еднаквост и позитивни навики меѓу учениците
Идејата се родила при планирањето на новиот предмет, кога професорите размислувале за начинот на промовирање позитивни навики кај учениците кои ќе бидат во согласност со новиот Закон за еднаквост помеѓу мажите и жените. Прво за новите активности ги информирале родителите, кои реагирале многу позитивно, а потоа ги известиле и учениците.

„Готвењето им се чинело интересно, но кога станува збор за шиење или пеглање, некои се насмевнуваа со неверување. Интересно е што, кога активноста започна, сфатија дека тоа е активност што човек лесно може да ја извршува и дека не е толку захтевна како што можеби мислеа. Иако некои покажуваа одредена нерешителност, сите ги прифатија тие активности со позитивен став. Некои дури првпат во животот држеа пегла во рака“, изјавија од училиштето.
Шпанија и нејзиниот пат кон родова еднаквост
Шпанија во последните неколку години постигна значителен напредок во обезбедување еднакви можности за мажи и жени, што ја позиционира на самиот врв на листата на земји со висок степен на родова еднаквост.

Уште еден значаен чекор напред се случи во 2018 година, кога шпанската влада беше прогласена за најженски ориентирана влада во светот, со импресивни 65 отсто жени во нејзиниот состав. Покрај тоа, усвојувањето на прогресивниот закон за зголемување на породилното отсуство за татковците дополнително придонесе за создавање пофаворизирачки рамки за родова еднаквост во општеството. На овој начин, Шпанија се вброи меѓу државите кои активно промовираат родова еднаквост преку конкретни законски мерки и стимулации.









