Доналд Трамп повторно стана вирален на социјалните мрежи, а овој пат поради ракувањето со парагвајскиот претседател Сантијаго Пења.
Снимка од самитот
Трамп и Пења се сретнале викендов во рамки на самитот на Трамп „Штит Америка“. Во снимката од 16 секунди која брзо се прошири на социјалните мрежи, се гледа како Трамп за време на ракувањето ја повлекува раката на Пења напред-назад. Парагвајскиот претседател притоа останал мирен и цврсто стоел на местото. По краткото „тегнење“ со насмевки пред камерите, двајцата лидери продолжиле со разговорот.
Реакции на социјалните мрежи
Снимката предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, особено на „Редит“ каде многумина го критикуваа однесувањето на Трамп. „Што е ова, по ѓаволите? Толку проклето чудно“, напиша еден корисник.

Други потегот го опишаа како „длабоко срамотен“ и како „однесување на чудак“, додавајќи дека снимката е „тешка за гледање“. Истовремено, дел од корисниците го пофалија Пења поради смирената реакција. „Благодарам Парагвај“, напиша една корисничка, а друга додаде: „Тој е толку разгалено дете. Мило ми е што мој човек од Парагвај го направи да изгледа смешен“, додека еден корисник порача дека парагвајскиот претседател во тој момент „го надиграл“ Трамп.
Познат по невообичаеното ракување
Американскиот претседател и во минатото привлекувал внимание со своите долги и невообичаени ракувања за време на кои честопати силно ја притиска и повлекува раката на соговорникот. „Њујорк Тајмс“ таквиот стил на ракување претходно го опиша како воспоставување „доминација и контрола“.
Слични ситуации имал и со францускиот претседател Емануел Макрон како и со поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе.











