[ВИДЕО] Единствено во Јапонија: Министерка доцнела 5 минути на состанок, па откако пристигнала ѝ се извинила на целата нација

Точка

09/03/2026

18:18

2.151

Големина на фонт

а а а

Кими Онода, јапонската министерка за економска безбедност, била снимена како истрчува од такси и брза на состанок на кабинетот во петокот наутро.

Виралното видео ја покажува 43-годишната жена како брза кон зградата, со чанта во рака, поминува покрај новинарите додека асистентката трча покрај неа. Потоа се гледа како политичарката брза по скалите кон состанокот.

Камерите го забележале и моментот кога јапонската премиерка Санае Такаичи влегла во просторијата, а нејзините колеги од кабинетот станале.

Неколку моменти подоцна, додека членовите на кабинетот седеле на своите места на состанокот, камерата се пренасочила кон празното место каде што требала да седи Онода.

Министерката од Либерално-демократската партија подоцна им се извинила на сите во Јапонија, наведувајќи сообраќајна несреќа како причина за нејзиното доцнење.


Онода, политичарката со остри ставови за имигрантите, се обратила до нацијата велејќи дека „заглавила во сообраќај поради ненадејна несреќа и не можела да се помрдне“.

„Ќе останам будна за да можам да одговорам на какви било непредвидени околности“, рече таа.

Точноста е многу важна во Јапонија, а доцнењето се смета за непристојно.

Сепак, луѓето на социјалните мрежи ја пофалиле Онодо за нејзиното брзо извинување, нарекувајќи го нејзиниот одговор „примерен“.