[ВИДЕО] Американска блогерка за бегството од Кувајт среде нападите: „Возевме 8 часа низ пустина“

Точка

05/03/2026

16:52

480

Големина на фонт

а а а

Американската блогерка за патувања Алиса Рамос, која се нашла во Кувајт за време на ескалацијата на конфликтот, детално опишала како таа и група пријатели успеале сами да се евакуираат од земјата, тврдејќи дека американската влада не им пружила никаква помош.

Таа била на Блискиот Исток откако минатиот месец водела организирано патување во соседна Саудиска Арабија, пишува „Унилад“.

Алиса објави на Инстаграм дека слетала во Кувајт кога слушнала за нападите меѓу САД, Израел и Иран.


Слушнавме ракети како летаат над нашите глави. Тоа беше едно од најстрашните нешта што некогаш сум ги доживеала на патување, а уште полошо е затоа што имам пет пријатели со мене – рекла Алиса во својата прва видео објава.

На 3 март, таа потврди дека таа и нејзината група одлучиле да се „самоевакуираат по копно“ откако нивните летови биле откажани.


„Не добивме никаква помош од американската влада. Програмата за итна помош при патување (STEP) беше бескорисна, се јавив во амбасадата и конзулатот, а тие само повторуваа општи пораки. Само пред неколку часа, владата објави на Инстаграм дека сите треба веднаш да заминат, но не ни испратија е-пошта или порака“, објаснила таа.

Во среда, 4 март Алиса потврди дека таа и нејзината група успешно се евакуирале од Кувајт, опишувајќи го патувањето како едно од најстрашните низ кои некогаш поминала. Групата морала да вози осум часа низ саудиската пустина до аеродромот во Ријад, кој бил затворен додека таа веќе била во авионот.


„Штом се качив, луѓето престанаа да се качуваат и објавија дека аеродромот се затвора поради непосредна опасност. Седев во темниот авион еден час прашувајќи се дали ќе бидеме погодени од ракета или дрон…“, рекла таа.

Авионот, кој бил на пат кон Каиро, конечно полетал.


„Безбедна сум! Излегов и сум на пат кон дома! Но, ова не е завршено за мене. Сè уште се обидувам да им помогнам на речиси 1.000 луѓе во групните разговори што ги започнав за да можат да се евакуираат по копно. Сите велат истото – дека владата не им помага“, рекла Алиса.