Еден далматинец се изненадил по посетата на кафуле во Сплит, а своето искуство одлучил да го сподели на „Редит“.
Објавил фотографија од сметката на кафето со шлаг, при што шлагот бил едвај видлив, што иницирало бурна дебата за цените воочи претстојната туристичка сезона.
На фотографијата се гледа шолјата со кафе, а корисникот покрај неа саркастично напишал: „Кафе со шлаг? Дали јас и шлагот сме воопшто во истиот простор?“.
Приложената сметка покажува вкупен износ за три нарачани напитоци од 10 евра. Големо кафе со млеко чини 1,90 евра, нескафе 3,50 евра, а кафето со шлаг чини 3,60 евра.

Поделени реакции на „Редит“
Објавата за кратко време привлекла бројни коментари, а реакциите биле различни. Еден корисник иронично ја забележал разликата во навиките на потрошувачите.
„Деловните луѓе имаат свој апарат и пијат кафе дома затоа што немаат време да седат по кафулиња, а луѓето кои немаат ни за кроасан и кои ги полнат кафулињата се жалат дека кафето е скапо“.
Друг човек ја истакнал регионалната разлика во цените и гостопримливоста.
„Дојдете во Славонија. Кај нас кафето чини 2 евра. Шлагот се прелива од филџанот“.






