[ФОТО] Се појавила само во сако, па сите воздивнувале: Атрактивното издание на манекенката поради кое луѓето гледале во неа без да трепнат

Точка

05/03/2026

08:14

1.934

Големина на фонт

а а а

Еден од најпопуларните модели од 1990-тите се појави на Неделата на модата во Париз во црно сако кое го носела како фустан...

Париската недела на модата секогаш ги собира некои од најпознатите светски ѕвезди, а меѓу нив се случи да биде и поранешната чешка манекенка Ева Херцигова, која привлече внимание со својот младешки изглед.


Таа присуствуваше на престижниот „Ле Гранд Дајнер“, што е еден вид забава пред отворањето на Неделата на модата.

Иако не секој добива покана за овој настан, една од поканите отишла кај познатата манекенка која на 10 март полни 53 години, а таа изгледа младешки и фантастично.

Таа напорно работела на својата модна комбинација и се одлучила за класично и елегантно издание, но на малку поинаков начин.


Носела црно сако како фустан, а изгледа како да не носи ништо под него.

Комбинацијата ја надополни со црни високи потпетици и очила за сонце.

Косата ѝ била брановидно стилизирана, а на лицето има минимална шминка, доволно за да ги истакне цртите.

Инаку, приказната за ваквите сако-фустани е многу интересна.

Во 1968 година, членка на високото општество Нан Кемпер пристигнала во њујоршкиот ресторан „Ле Кот Баски“ во костум од францускиот дизајнер Ив Сен Лоран. Во тоа време, на жените им било забрането да доаѓаат во ресторанот во панталони, па затоа таа вечерала само во сако, како мини-фустан, со што започнала нов тренд.