[ФОТО/ВИДЕО] Шакира урна рекорд во Мексико Сити: 400.000 луѓе го следеа бесплатниот концерт на плоштадот Зокало

Точка

03/03/2026

09:19

337

Големина на фонт

а а а

Шакира во неделата заврши со дел својата светска турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“ со нов рекорд, собирајќи 400.000 луѓе на бесплатен концерт на плоштадот во Мексико Сити.

„Ова е сон. Колку е поетично да се види овој плоштад вака преполн со луѓе“, изјавила 49-годишната пејачка на најголемиот плоштад во мексиканската престолнина, опкружен со осветлената катедрала и Националната палата.

Според податоците на градските власти, ова е најголемата публика досега собрана на главниот јавен плоштад во земјата и го означува враќањето на колумбиската ѕвезда таму, првпат по нејзиниот настап во 2007 година.


„Денес чувствувам мешавина од возбуда, носталгија и благодарност. Денес е нашиот последен ден овде во Мексико, мојот дом. Оваа љубовна приказна и пријателство што го имам со Мексико не може да се споредат со ништо. Ви благодарам за енергијата и радоста што ми ги дадовте. Засекогаш сме едно“, им порача Шакира на присутните.

Претходниот рекорд го држеше аргентинскиот бенд „Los Fabulosos Cadillacs“, кој на 3 јуни 2023 година собра 300.000 луѓе, а зад него е „Grupo Firme“, кој една година претходно привлече 280.000 посетители.

За време на едночасовниот настап, Шакира ги изведе хитовите „Antología“, „Loba“ и „Hips Don’t Lie“.

На плоштадот Зокало беа присутни 400.000 луѓе, а обожавателите го следеа концертот и од околните улици, каде што беа поставени големи екрани.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клара Молина, изјави дека настанот собрал 400.000 луѓе.



Концерт без инциденти и покрај тензиите во земјата

Овој настап на отворено беше првото големо собирање на стотици илјади луѓе во Мексико откако започнаа немирите во други делови од земјата, по убиството на моќен нарко-бос од страна на војската пред една недела. Концертот на мегаѕвездата помина без инциденти.

„Нашите срца сè уште чукаат забрзано од она што го доживеавме синоќа!“, напиша градоначалничката на Мексико Сити, Клара Бругада, на платформата X во понеделникот. „Благодарение на Шакира, плоштадот во историскиот центар на Мексико Сити беше исполнет со магија, звуци и неверојатна енергија“, додаде таа.



Според Националната комора за трговија, услуги и туризам, концертот генерирал проценето економско влијание од 403 милиони пезоси (23,2 милиони долари) за хотелите, рестораните и локалните бизниси.

Низата рекорди на Шакира и следниот спектакл

Популарната Колумбијка претходно постави уште еден рекорд во Мексико. Пејачката на хитот „Hips Don’t Lie“ во петокот по 13-ти пат настапи на сцената на стадионот GNP во рамките на својата турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“ („Жените повеќе не плачат“). Тоа е повеќе настапи отколку што одржал кој било пред неа. Вкупно продаде околу 800.000 билети.

Уште еден настан за паметење ја очекува музичарката на 2 мај, кога ќе одржи бесплатен концерт на легендарната плажа Копакабана во Рио де Жанеиро. Минатата година таму Лејди Гага собра околу 2,5 милиони луѓе.