[ВИДЕО] Синот на Том Хенкс заглавен во Колумбија поради проблем со пасошот: „Спасете ме!“

Точка

02/03/2026

13:08

669

Големина на фонт

а а а

Чет Хенкс, син на актерот Том Хенкс, откри дека е заглавен во Колумбија и бара помош на социјалните мрежи за да се врати дома.

35-годишниот актер објави видео во кое раскажа за чудната низа настани што го довеле во незавидна ситуација. Тој откри дека патувал во Порторико минатата недела за роденденот на еден пријател, а проблемите започнале кога решил да оди во Меделин, Колумбија, за да посети пријател, објавува „Унилад“.


Во видеото покрај кое пишува „Ослободете ме“, тој објасни дека патувал со грчки пасош.

„Патувам со грчки пасош затоа што имам двојно државјанство“, рекол тој, додавајќи дека неговиот американски пасош бил пред истекување, па се плашел дека тоа ќе му го комплицира патувањето.


Тој решил да го користи вториот пасош, но тврди дека токму тоа му создало уште поголем проблем.

„Стигнав на аеродромот три часа порано, за да се пријавам за мојот лет. Тоа е меѓународен лет. Ми рекоа дека ако патувам со странски пасош, треба да имам доказ за влез во САД, што е зелена карта. Немам зелена карта затоа што сум државјанин на САД. Сега сум заглавен во Колумбија. Заглавен сум во Меделин“, се пожалил тој.

Зелената карта е карта за постојан престој во САД што докажува дека лицето не е државјанин на САД, но има право трајно да живее и работи во земјата и да се врати во неа по патувањето.

Неговата објава предизвика бројни реакции на интернет. „Најдобро е да се јавиш на некој од твоето семејство да ти испрати пасош преку „Федекс“ што е можно поскоро“, му рече еден корисник. Друг продолжи, алудирајќи на „Бродолом на еден живот“: „Том Хенкс нема среќа со ‘Федекс’“.

Многумина се шегуваа за неговото непознавање на прописите.


„Умирам од смеа на „Немам зелена карта затоа што сум државјанин на САД““, гласел еден коментар.

Хенкс призна дека имало „полоши“ места каде што можел да заглави и дека требало да оди во Богота за да го реши проблемот, но рекол дека не му се оди.

Сепак, некои му понудиле некои конкретни совети. „Оди да земеш нов пасош во Богота. И дознај за патувањето со двоен пасош за да не ти се случи ова повторно“, предложил едно лице. Други го охрабриле да ја сврти ситуацијата: „Можеш да го видиш ова како можност подобро да ја запознаеш Колумбија. Посети ја Кали, Картахена и регионот за кафе пред да одиш во Богота.“