[ВИДЕО] Зендаја и Том Холанд се венчаа? Доколку веруваме на зборовите на нејзиниот долгогодишен стилист...

Точка

02/03/2026

11:36

899

Големина на фонт

а а а

Зендаја и Том Холанд наводно се венчале, ако се верува на изјавата на стилистот Лоу Роуч.

Долгогодишниот стилист на Зендаја го открил тоа во неделата во разговор за „Access Hollywood“ на доделувањето на наградите „Actor Awards“, пренесува „The Hollywood Reporter“. На прашањето за венчавката на славниот пар, Роуч изјавил: „Венчавката веќе се случила. Ја пропуштивте.“ Кога новинарите го прашале дали зборува вистина, тој со смеење потврдил: „Апсолутна вистина.“


Се шпекулирало дека парот се верен за првпат во јануари 2025 година, откако Зендаја се појавила на доделувањето на Златните глобуси со дијамантски прстен. Порталот „TMZ“ подоцна, повикувајќи се на своите извори, потврдил дека парот е верен. Според нивните информации, запросувањето било дискретно и приватно, и се случило помеѓу божиќните и новогодишните празници во 2024 година.

Љубов од филмското платно

Се верува дека нивната љубовна приказна започнала на сетот на франшизата „Spider-Man“, каде Холанд го игра Питер Паркер, а Зендаја ја толкува улогата на MJ.


Заедно глумеле во три филма – „Spider-Man: Враќање дома“ (2017), „Spider-Man: Далеку од дома“ (2019) и „Spider-Man: Пат без враќање“ (2021) – а ќе се појават и во претстојниот филм „Spider-Man: Brand New Day“. Двојката глуми и во филмот на Кристофер Нолан „Одисеја“, кој во кината пристигнува на 17 јули.