[ВИДЕО/ФОТО] Исцртани гради на доделувањето на награди: Тејана Тејлор мамеше воздишки со „голиот“ фустан

Точка

02/03/2026

19:00

737

Големина на фонт

а а а

Американската актерка и пејачка Тејана Тејлор мамеше погледи на доделувањето на наградите „Actor Awards“ во Лос Анџелес благодарение на „голиот“ фустан. На црвениот тепих ѝ се придружи и нејзината петгодишна ќерка Ру Роуз Шамперт.

Горниот дел од нејзиниот фустан изгледаше како полеана боја со која се исцртани градите и папокот, а долниот дел беше украсен со светки. Гламурозното издание го надополни со накит од „Tiffany & Co.“. Тејана доби бројни комплименти за својот изглед.

„Совршена е“, „Овој фустан само на неа може да ѝ прилега вака добро“, „Уште поубава е со кратка фризура“, „Го покори црвениот тепих“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Тејана Тејлор беше номинирана за најдобра споредна актерка за филмот „One Battle After Another“, но наградата ја освои Ејми Медиган благодарение на филмот „Weapons“.


Внимание привлече и нејзината ќерка Ру Роуз, која ѝ го местеше фустанот, а потоа и самата позираше.

„Само сакам да кажам дека ми е голема чест што сум овде. Сакав да ви се заблагодарам во име на мојата мајка. Сите ваши модни комбинации изгледаат неверојатно и ова го велам поради мојата мајка“, рече таа и ги насмеа сите присутни.

Актерката ја доби Ру Роуз додека беше во брак со Иман Шамперт. Тие имаат и десетгодишен син по име Иман Џуни Шамперт Џуниор.