[ВИДЕО] Холандски авантурист тврди дека ова се најчистите градови што ги посетил, а меѓу највалканите се најде оваа престолнина во соседството

Точка

02/03/2026

19:39

716

Големина на фонт

а а а

Холандскиот травел-блогер Лук Патрик Хогмуд во ново видео на социјалните мрежи сподели листа на највалканите и најчистите градови во Европа што ги посетил.

Наведувајќи дека бил во бројни европски градови, истакна дека во видеото опфатил вкупно 10 градови за кои смета дека се најчисти или највалкани што ги видел.


„Чистотата на градот за мене е голем показател за квалитетот на живот во него. Тоа покажува дали на луѓето им е грижа за животната средина, законите и своите сограѓани“, наведе тој.

Кога станува збор за највалканите, најпрво го издвои главниот град на Грција, Атина, потоа Амстердам во Холандија, како и Лисабон во Португалија. На листата на највалкани се најдоа и Париз и Брисел.

Од друга страна, наведувајќи ги најчистите што ги посетил, на прво место го спомена Цирих во Швајцарија.


Потоа ја наведе Братислава во Словачка, а следеа Талин во Естонија, Копенхаген во Данска и Варшава во Полска.

Ги праша своите следбеници дали се согласуваат со неговите впечатоци, а многумина реагираа поради вклучувањето на Лисабон и Амстердам меѓу највалканите.

Исто така, посочија дека Љубљана заслужува да биде на листата на најчисти градови.