Еврогол на напаѓачот: Илиевски погоди од скоро половина терен во дербито на Косово

Дерби

02/03/2026

11:47

220

Големина на фонт

а а а

Македонскиот напаѓач, Марио Илиевски има одлична сезона во дресот на Приштина, а одличните изданија носат и плус самодоверба, па се постигнуваат погодоци за кои сонуваат сите фудбалери.

Имено Илиевски вчера погоди скоро од половина терен на дербито во Косово против Дрита. Марио забележа дека голманот не е на своето место и шутираше максимално прецизно за водство и ерупција на домашните навивачи.

Во вториот дел Дрита успеа да реализира и се избори за реми од 1:1.