[ВИДЕО] Соиграч на Миовски постигна страшен гол со „ножички“ во големото дерби во Шкотска

Дерби

01/03/2026

14:59

277

Големина на фонт

а а а

Португалскиот напаѓач, Јусеф Шермити постигна страшен гол на големото дерби во Шкотска меѓу Ренџерс и Селтик.

Шермити низ целата оваа сезона е расположен кога се во прашање соочувањата со екипите кои им се конкурентни за титулата, (Хартс и Селтик), па таа позитивна серија ја продолжи и денеска каде беше автор на погодок за ТВ шпици.

Се играше 8 минута кога соиграчот на Бојан Миовски изведе акробација по топката која ја испрати Сков Олсен, „ножички“ со кои ја смести истата во мрежата на гостите за ерупција на „Ајброкс“.

Инаку ова е 450. „Олд фирм“ дерби.

Потоа истиот играч стрелаше и за 2-0.