Војдан утре ќе испише нова страница во историјата на македонската репрезентативна кошарка

Дерби

01/03/2026

14:55

317

Големина на фонт

а а а

Македонија утре му гостува на Азербејџан во натпреварот од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година, меч кој ќе има посебна тежина за капитенот Војдан Стојановски.

Имено ако утре заигра во Баку ќе стане играч со најмногу настапи за македонската репрезентација.

Статистиката, онаа на Светската кошаркарска федерација, вели дека настапот против селекцијата на Луксембург, беше 89. за Војдан во националниот тим. Според ФИБА, во неа не се вклучени два натпревари, од ЕП во 2009 година во Полска, кога Стојановски беше во ростерот на Македонија за средбите против репрезентациите на Германија и на Русија, но поради повреда, не влезе во игра.

Во секој случај, момент по кој што Стојановски се изедначи на првото место на вечната листа со Тодор Гечевски.

Војдан е речиси 20 години дел од националниот тим, не треба да се додава ништо освен тоа дека секогаш бил подготвен да го прифати репрезентативниот повик, без оглед на тоа кој бил во улога на селектор.

Еден од браќата Стојановски играше и на Евробаскетот во 2009, 2011, 2013 и 2015 година и сега е на прагот да стане рекордер и да испише нова страница во историјата на мак-баскетот.

Инаку во овој момент ветеранот и четврти стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија.

Со оние девет реализации на средбата против Луксембург, стигна до бројката од 881 поен. И веќе на дуелот против Азербејџан може да го надмине Тодор Гечевски (застана на бројот 891) и да стане трет стрелец низ историјата.

Доколку го направи тоа, во што нема никаков сомнеж, пред него ќе бидат само уште Врбица Стефанов, кој има 947 поени во дресот на националниот тим, и Петар Наумоски, кој низ репрезентативните настапи има комплетирано 1040.поени!