Арбелоа за асот од кого очекува да биде „замена“ за Мбапе: Може да биде одлучувачки играч…

Дерби

02/03/2026

11:44

197

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид некое време ќе биде без услугите на Килијан Мбапе што дефинитивно е сериозен удар за екипата ако се погледна неговата улога и бројките кои ги има во тековнава сезона.

Меѓутоа „кралевите“ се голем клуб, имаат ростер на играчи кои мораа да одговорат на задачите и да го испорачаат она што се очекува од нив.

Алваро Арбелоа ја знае тежината на дресот, а сега и како тренер се обидува да се наметне и да дојде до резултатите кои се бараат и покрај проблемите кои се присутни кога се воо прашање повредите. Имено токму Арбелоа посочи еден играч од кого многу очекува во отсуство на Мбапе, тоа е Родриго Гоеш кој беше повреден, но сега сè е во ред со него и треба да биде засилување за офанзивната линија.

- Родриго мора да е многу важен. Така и беше непосредно пред повредите што ги имаше. Може да биде фундаментален, одлучувачки играч. Тој го покажува својот квалитет во Реал Мадрид со години. На трите напаѓачки позиции може да ни помогне: има многу нога, добра визија за играта, многу продори, еден на еден… Тој е многу комплетен играч и многу е тешко да се одбрани. Ќе ни даде многу можности и навистина сакав да го имам на располагање. Се надевам дека ќе може да додаде минути и да добие сè поголема важност во тимот, - порача Шпанецот.