[ВИДЕО] Дончиќ најдобар стрелец на неговиот роденден, Лејкерс го доби дербито на Западот

Дерби

01/03/2026

11:13

227

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ го прослави 27. роденден, ден на кој испорача одлична партија за Лос Анџелес Лејкерс и на тој начин одигра клучна улога во победата над Голден Стејт Вориорс од 129:101 во дербито на Западот.

Домаќините не можеа да сметаат на доста важни играчи како Батлер, Кари и Порзингис, ситуација која максимално ја искористија „езерџиите“ да ја прекинат серијата од три порази.

Гостите доминираа, ги добија сите четири четвртини, а лидер беше Дончиќ со 26 поени, 6 скока, 8 асистенции, 1 украдена топка и 1 блокада. Џемс беше зад него со 22 кошеви, 7 скока и 9 асистенции, квалитетен придонес од клупата има Ларавиа и Кинард со 16 и 15 поени.

Кај поразените четворица играчи беа двоцифрени, Сантош беше најефикасен со 14 кошеви.

Резултати: Вашингтон-Торонто 125-134, Јута-Њу Орлеанс 105-115, Мајами-Хјустон 115-105 и Шарлот-Портланд 109-93.