[ВИДЕО] Шајa Лабаф повторно уапсен, по интервјуто во кое тврдеше дека нема проблеми со алкохолот: „Имам комплекс на мал човек“

Точка

01/03/2026

15:00

680

Големина на фонт

а а а

Актерот Шајa Лабаф повторно е уапсен во Њу Орлеанс, и тоа само неколку часа откако во интервју тврдеше дека нема проблеми со алкохолот. Според информациите на „Associated Press“, 39-годишниот актер бил уапсен во саботата, на 28 февруари, и обвинет за прекршок нанесување полесна телесна повреда.

Се огласи неговата адвокатка

Неговата адвокатка потврди дека новото апсење е поврзано со тепачка што се случила на 17 февруари, за време на прославата на Марди Гра. Поради тој судир Лабаф веќе бил приведен и потоа пуштен на слобода со кауција од 100 илјади долари.


Тогаш, според достапните информации, бил приведен поради две обвиненија за нанесување полесни телесни повреди по конфликт во еден бар во историскиот Француски кварт. Адвокатката вели дека актерот овојпат доброволно се предал штом дознал дека е издаден нов налог. Во изјавата го критикуваше постапувањето на институциите, тврдејќи дека Лабаф се третира построго затоа што е позната личност.

„Ниту една обична личност не би морала да плати повеќе од 100.000 долари кауција и да биде двапати затворена поради еден прекршочен инцидент“, порача адвокатката. „Како што не заслужува привилегиран третман, господинот Лабаф исто така не заслужува полицијата и судовите да го третираат построго само затоа што е јавна личност“.

„Моето однесување е одвратно“

Новото апсење следуваше кратко откако Лабаф во интервју со Ендрју Калаган од „Channel 5“ проговори за своите постапки. Актерот се осврна на своето однесување од минатиот месец, велејќи дека било „за*бано“.

„Не беше добро, брате. Моето однесување е валкано, грдо, одвратно и тоа морам да го прифатам, знаеш?“, рече тој. Лабаф додаде дека „не му е грижа“ за можната затворска казна. „Тоа е само уште едно искуство. Затворот ќе биде уште една авантура. Што можеш да направиш“.

Тврди дека нема проблем со алкохолот

Актерот потоа тврдеше дека нема проблем со алкохолот, туку „комплекс на мал човек“. „Мислам дека немам проблем со алкохолот. Мислам дека имам поинаков проблем и ќе го решам… Мислам дека имам комплекс на мал човек“, изјави.

„Некаков наполеонски, не знам што е тоа. Мислам дека тоа има повеќе врска со гневот и егото отколку со моето опивање“.


За хомофобичните испади

Потоа се осврна на тврдењата дека давал погрдни коментари насочени кон LGBTQ лица, потврдувајќи дека хомофобичните забелешки довеле до негово приведување. „Се плашам од крупни геј мажи“, му рече на водителот, тврдејќи дека бил „испровоциран“ кога „геј мажи“ наводно го допирале по ногата.

„Ако тоа е хомофобија, тогаш сум хомофоб“, додаде. „Немам ништо против геј лица, бидете геј некаде таму, но не во мојот скут“. Осврнувајќи се последен пат на инцидентот, заклучи: „Погрешив што допрев некого и тоа е сè што имам да кажам за целата оваа глупост“.