Македонскиот репрезентативец, Елмин Растодер и неговиот Тун се незапирливи во швајцарскиот шампионат каде ја забележаа деветтата победа во низа.
Совладан беше Винтертур на негов терен со 3-0, а еден од погодоците беше дело на нашиот Растодер. Имено Елмин во 59. минута зголеми на 2-0, а до крајот стрелаше и Имери за потврда на трите бода.
Ова за напаѓачот беше десетти лигашки погодок со што влезе во одбрано друштво на играчи со двоцифрен учинок во кампањата. Со вкупно 61 бод составот на Тун се наоѓа на првото место на табелата.







