[ФОТО] Славната актерка доживеала моден гаф: И‘ се скинало здолништето на „БАФТА афтерпарти“

Точка

23/02/2026

17:40

579

Големина на фонт

а а а

Актерката Кирстен Данст (43) доживеала незгода со облеката при пристигнувањето на афтерпарти забавата по доделувањето на наградите БАФТА, во организација на студиото „Universal Pictures“, одржана во приватниот лондонски клуб „Oswald’s“, пренесе „Дејли меил“.

На свеченоста му пружила поддршка на својот сопруг, актерот Џеси Племонс (37), номиниран за наградата за најдобар актер.



При пристигнувањето го оштетила здолништето, при што процепот се проширил до горниот дел од бутовите. И покрај тоа, на забавата пристигнала во добро расположение.


Данст носела впечатлива розово сако со нагласени, волуменозни ракави, преку бела маица и црно здолниште што ѝ се скинало.



Претходно во текот на вечерта, Данст и Племонс, кои се венчале во 2022 година, заедно позирале на црвениот килим. Парот има двајца синови – седумгодишниот Енис и четиригодишниот Џејмс.