[ВИДЕО] Њујорк направи голем пресврт против Хјустон, Грин го шокираше Орландо во последната секунда

Дерби

22/02/2026

11:09

128

Големина на фонт

а а а

Њујорк успеа да се врати од негатива од 18 поени во последниот период и го победи Хјустон на домашен терен со резултат 108:106.

Таунс со 25 и Брансон со 20 поени ги предводеа домаќините до драматичната победа, додека на спротивната страна се истакна Дурент со 30 поени.

Најголема резултатска драма имаше на соочувањето меѓу Феникс и Орландо, натпревар на кој се играа две продолженија, а на крајот домаќините славеа со тројката на Грин постигната со звукот на сирената. Поразот беше потежок за гостите и поради фактот што Џевон Картер донесе израмнување на само 1,1 секунда до крајот, но Орландо не го одбрани последниот напад на „сонцата“.

Виктор Вембањама блескаше и на дуелот со Сакраменто, го заврши дуелот со 28 поени и 15 скокови, а Сан Антонио обезбеди уште една победа за зацврстување на второто место во западната конференција.

Финикс – Орландо 113:110 (п)

Њу Орлеанс – Филаделфија 126:111

Чикаго – Детроит 110:126

Мајами – Мемфис 136:120

Сан Антонио – Сакраменго 139:122

Њујорк – Хјустон 108:106