Џејмс Милнер вчера испиша ново поглавје во историјата на Премиер лигата, откако стигна до 654-ти настап во најелитното англиско натпреварување и го собори досегашниот рекорд на Герет Бери.
Фудбалерот на Брајтон го постави рекордот на соочувањето со Брентфорд, а за рекордот доби овации од фановите на двете екипи, во моментите кога беше повлечен од игра во финишот на средбата.
Милнер доби специјална честитка и од Јирген Клоп, менаџерот со кого освојуваше трофеи во периодот кога го носеше дресот на Ливерпул.
– Не можам да поверувам што направи, да направиш ваков историски подвиг е навистина нешто големо.
– Достигнувањето на оваа бројка на настапи како слетување на Месечината. Можеби ќе се случи само еднаш? – рекол Клоп.
– Ниту еден успех на Ливерпул немаше да биде обезбеден без Милнер. Тој не само што беше голем професионалец, туку можеше да игра на било која позиција и да се снајде во било која ситуација. Од перспектива на тоа со колку вештини располагаше, тој еден од најдобрите пет фудбалери со кои сум работел, – рекол Клоп.








