Реал Мадрид загуби од Осасуна по пауза од 15 години и тоа се случи во период во кој тимот на Алваро Арбелоа изгледаше речиси непогрешливо во Ла Лига, а ударот беше посебно болен поради фактот што беше примен гол во 90-та минута.
Раул Гарсија изведе минијатура во шеснаесетникот на Реал пред да го матира Тибо Куртоа, но претходно во акцијата доби подарок од Дани Себалјос.
Играчот за врска на Реал Мадрид му ја подари топката на противничкиот тим и од тука тргна контрата која заврши со мајсторија, па по средбата, Себалјос испрати извинување до фановите на социјалните мрежи и презема вина за поразот.
– Преземам одговорност….., – кратко порача играчот кој влезе како резерва на средбата на „Ел Садар“.
Неговото додавање кое беше наменето за Асенсио заврши до напаѓачот на Осасуна, по што акцијата продолжи со двојна комбинација по која следеше фудбалска бравура од страна на домашниот напаѓач.
Грешката на Себалјос погледнете ја ТУКА.











