Чудесниот Клебо испиша историја! Освои и шесто злато од шест натпреварувања на ЗОИ 2026

Точка

21/02/2026

16:02

432

Големина на фонт

а а а

Норвежанецот Јоханес Хесфлот Клебо денес освои ново злато и испиша историја на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Клебо триумфираше во трката на 50 километри со масовен старт во крос-кантри скијање, и на тој начин заокружи неверојатен учинок од шест злата од исто толку натпреварувања на кои настапи.

Таков подвиг досега не е виден во историјата на Зимските олимписки игри.

Клебо на тој начин воедно стигна и до 11-от златен олимписки медал во кариерата, со што дополнително го зацврсти статусот на еден од најголемите зимски спортисти на сите времиња.

Покрај Клебо, на победничкиот пиедестал се најдоа и неговите сонародници. Среброто го освои Мартин Левстрем Нјенгет, а бронзата Емил Иверсен.