Манчестер Сити вчера оствари тешка, но важна победа во дуелот со Њукасл и го зголеми притисокот врз лидерот Арсенал.
Пеп Гвардиола по натпреварот не криел дека е пресреќен од новата победа на својот тим и најавил три слободни дена за себе и за фудбалерите.
– Ова не беше идеален натпревар, но одигравме тимски и тоа е најважно во овој дел од сезоната.
– Им кажав на фудбалерите да одморат следните три дена, ако треба и да се расположат со коктели, а потоа да се вратиме и да одработиме три квалитетни тренинзи и да одиме во Лидс.
– Тоа е единствениот пат по кој сакам да се движиме. Ако сега тргнеме да гледаме што ќе прават Арсенал и Астон Вила, ќе добиеме шлаканица во лице.
– И јас одам на мини одмор, не знам дали ќе го гледам дербито (Тотенхем-Арсенал), нема ни да бидам овде. Во однос на завршницата на сезоната, имам чувство дека нема да ги добиеме сите натпревари, но не знам дали и Арсенал ќе успее да го направи тоа, – рекол Гвардиола.








